СДСМ: За Груевски и Тодоров тендерите поважни од бебињата

0
620

За Груевски и Тодоров поголеми се тендерските потреби од потребата за безбедно мајчинство и здрави и живи бебиња, тврди СДСМ и укажува на фактот дека во Македонија, според официјална студија, умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!, порача во соопштение СДСМ.

Најголемата опозициска партија бара Никола Тодоров и Никола Груевски и одговорат на јавноста:

– Дали огромната смртност на новороденчиња е резултат на тоа што во последните 4 години Тодоров и Груевски постојано го крателе буџетот за програмата безбедно мајчинство?

– Дали Груевски и Тодоров дури и парите на граѓаните што ги оставиле за програмата безбедно мајчинство, сепак ги пренаменувале за д руги потреби?

– Кои биле тие потреби на Тодоров и Груевски?

СДСМ обвинува  и дека Никола Тодоров молчи за податокот дека најголема смртност на новороденчиња има во Дојран, над 30 на 1 000 живородени.

„Тодоров и Груевски молчат за фрапантните податоци дека смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња.Во Македонија, според официјална студија, умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!Груевски и Тодоров ги интересираат само тендери, коишто донесоа апарати што се веќе расипани или стојат во кутии.Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров ги бркаат лекарите надвор од државата.Во колапсот на здравствениот систем: умираат пациенти, се пука во лекари, болниците се руина“ стои во соопштението на СДСМ.