СДСМ: Груевски си призна дека криминалец не може да биде премиер

0
1109

Опозициската СДСМ реагираше на говорот на престедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени.

– „Силување“, „бркање на клоци“, „будала“, тоа е речникот на очајниот Никола Груевски кој се плаши од казната на граѓаните и соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години. Никоа Груевски си призна на самиот себе си: не може криминалец и докажан измамник да биде премиер. Затоа Груевски не е премиер и затоа нема да биде никогаш повеќе – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него исто така се вели дека за тоа „колкав е стравот кај Груевски од соочување со одговорноста за криминалот, провизиите и матните зделки за лично богатење на фамилијата, покажува денешното негово повторно враќање на измислените странски служби“.

– Груевски намерно сее магла околу прочистувањето на избирачкиот список, соочен со ставот на првиот човек на ДИК дека се пробиени роковите за навремено и веродостојно прочистување. Но, ќе се расчисти и оваа магла – велат од СДСМ.

Во соопштението се посочува и за говорот на Груевски за положбата и правата на жените во Македонија.

– За жал уплашениот Никола Груевски денеска повторно ги понижи и ги навреди жените, членките од сопствената партија, третирајќи ги само како бројка што треба да го сокрие неговиот страв – се потенцира во соопштението на опозициската партија.

Од таму додаваат дека „со фашистички методи вработените жени од повеќе општини во Македонија беа изложени на притисок да присуствуваат на денешниот партиски настан.“

Во соопштението се потсетува дека „жените во Македонија во изминатите години се соочуваа со континуирана деградација на нивната положба, не се почитуваа нивните човековите права и постојано беа дискриминирани.“

– Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство. Во последните 7 години 22 жени биле убиени од своите партнери, што покажува катастрофална неефикасност на институциите на системот – се вели во соопштението.