СДСМ: Груевски сака да извлече над 12 милиони евра од фирмите во земјата

0
1294

Соопштение на СДСМ:

Власта бара од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат GPRS фискални каси, да плаќаат нова давачка од 60 евра за воспоставување на некаква GPRS врска.

Никола Груевски на овој начин сака да извлече над 12 милиони евра од фирмите во земјава.

Фрапантни се податоците на Народна банка дека секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Во 2014 година, над 21.000 фирми во Македонија имале блокирани сметки, што е 32% од вкупниот број на фирми во земјава.

Дополнително, за само неколку години најмалку 10.000 фирми во Република Македонија се затворени.

За оние фирми што некако работат Груевски воведува нов арач од 60 евра!

Ова е уште еден факт: поради бизнис интересите на фамилијата и промашените економски политики на Никола Груевски условите за водење бизнис во Македонија се Undoing business!