СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема врска од економија

0
451

„Колку ВМРО-ДПМНЕ нема врска од економија покажува катастрофалната економска ситуација во државата и дебаклот на политиките на Никола Груевски.

За тоа дали долг може да се врати предвреме, ВМРО-ДПМНЕ нека го прашаат Трајко Славески, кој со средствата што ги заштеди поранешната влада на СДСМ ги исплати обврските кон Парискиот клуб.

Засега толку од денешните лекции за ВМРО-ДПМНЕ во делот на економијата.

Вистински развој на економија на Република Македонија, раст и напредок следува по 24-ти април и победата на СДСМ. Тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе види што значи економија, што е одговорно и транспаретно работење со јавните финансии во интерес на сите граѓани, што значи општество за сите!

Ставрески цели 10 години „троши за чоколади“ додека нема за леб, задолжувајќи ги иднинте генерации да ги враќаат неговите расипнички долгови.

Ставрески и Груевски треба да одговорат на јавноста со колку милиони евра ги задолжија граѓаните во изминатите 10 години додека грабаа парцели на Водно, провизии, тендери, мерцедеси…

Добро за Македонија и за нејзините граѓаните е што после 24-ти април Груевски и Ставрески ќе бидат минато и нема да можат да ги задолжуваат граѓаните.

Граѓаните со задоволство го чекаат 24-ти април и победата на СДСМ.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето друштво!“, велат од СДСМ.