СДСМ: Барокните фасади нема да го решат проблемот со загадување

0
273

„Граѓаните во Македонија веќе се месеци дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички кој е штетен по нивното здравје.

Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во Центар е 4 пати над дозволеното, Карпош исто, во скопско Лисиче 8 пати, а во Гази Баба 6 пати над дозволената граница на ПМ10 честички.

Загадувањето во Битола е 8 пати над дозволеното, во Кичево 3 пати, а во Тетово 6 пати над дозволеното.

Помеѓу 150 до 180 денови годишно граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.

Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот.

Тендерите за споменици, личното богатење, криминалните зделки, плацевите на Водно, мерцедесите, поткупувањето на медиумите, мерцедесите, се она што цели 10 години Груевски, Мијалков и фамилијата најдобро го прават на штета на граѓаните.

Криминалните политики на Никола Груевски го загрозија здравјето на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Наместо инвестиции и мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ гради барокна фасади од над 35 милиони евра народни пари.

Наместо за барок, со 35 милиони евра инвестиции долгорочно може да се реши проблемот со загадувањето и граѓаните да дишат чист воздух“, велат од СДСМ.