СДСМ: Ќе ги вратиме слободата, еднаквоста и почитувањето на човековите права

0
271

„На Меѓународниот ден на човековите права со жалење може да се констатира дека во Македонија, во изминатите 10 години, се загрозени основните човековите права и слободи.

Погрешните политики на Никола Груевски доведоа до тоа во Македонија се повеќе да постои дискриминација и нееднаквост, во сите сфери на секојдневното живеење, проследно со правна несигурност и загрозено право на приватност на граѓаните поради контолата на власта на правосудниот и безбедносниот систем.

Воспоставената контрила врз медиумите, од страна на власта, дополнително ги загрозува човековите права поради загрозената слобода на говор и слобода на мислење.

За да може земјава да напредува, неопоходно е да се врати на патот на демократијата, да ја врати независноста на институциите, судството, медиумите, да се врати на патот на владеењето на правото и гарантирањето на човековите права и слободи.

Во Македонија сите мора да бидат рамноправни без разлика на националност, вероисповед, политичка или која било друга определба.

Секој граѓанин во ова општество мора да има подеднакви права. Тие не само што се загарантирани со Уставот, како и со многу други меѓународни документи и повелби, туку затоа што секој поединец правото на слобода и достоинство го стекнува од своето раѓање.

За таква Македонија се бори СДСМ.

СДСМ се бори за враќање на слободата и демократијата.

СДСМ се бори за почитување и гарантирање на сите човекови права, се бори против нееднаквоста и дискриминацијата.

СДСМ се залага сите граѓани во Македонија да имаат право на слобода на мислење и говор, право на вероисповед, право на пристојна работа, и достоинствена заработка.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството, слободата во медиумите, рамноправноста и почитувањето на човековите права.

На 24-ти април победуваат вистинските вредности, победува слободна Македонија предводена од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.