СДММ: „Mега проектот“ на Груевски исели 626.312 граѓани од Македонија

0
590

„Граѓаните, младите знаат дека „мега проект“ на Никола Груевски во изминатите 10 години беше неговото лично богатење и бизнисот на фамилијата.

Тој „мега проект“ на Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков и кумот Зоран Ставрески иселија 626.312 граѓани од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Сега пред избори и пред заминување Никола Груевски се расфрла со нови лажни, виртуелни проекти. Никола Груевски единствено може да ја најави својата оставка“, се вели во соопштението на СДММ.