САД: ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на Специјалната обвинителка!

0
671

Кејт Брнс, претставничка на САД и вршителка на должност во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, денес преку говор одржан во Вена го повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа, пренесува НОВА.

„Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост. Ние ги повикуваме сите политички партии, кои едногласно се договорија за именувањето на г-ѓа Катица Јанева, јавно да ја поддржат работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа. Ние исто так аги охрабруваме сите партии да ја поддржат работата, и јавно и приватно, на незвисната Државна изборна комисија за да се обезбеди таа да има доволно персонал, ресурси и пристап до информациите кои и се потребни за да води својата работа во првата темелна анализа на изборната листа на земјата.

Конечно, како што тоа и го рековме на владата на Македонија минатиот петок, САД е загрижени поради недостигот на напредок за препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права дадени во 2014 година. Во нив се содржани: пречистување на изборниот список, реформа на медиумите за да се обезбеди еднаков пристап за сите алтернативни ставови, одвојување на државата од партијата, спречување на заплашувањето на гласачите и притисок. Како клучни олеснувачи на Договорот од Пржино, САД и ЕУ ќе направат анализа на напредокот околу овие прашања пред распуштањето на парламентот на 24 февруари за да се определи дали условите кои треба да водат до кредибилни избори на 24 април се исполнети како што тоа го предвидува Договорот од Пржино“, рекла Брнс.