СЈО: Пепиќ го организирал сликањето за лични карти, се шетал вооружен и на распитот

0
1660

Во едно од решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое се одбива жалбата на СЈО, во однос на притворот на осомничените во „Титаник“, опишани се акциите на еден од осомничените со иницијали М.П.

Според порталот „Сведок“, се работи за за Мунир Пепиќ, вработен во Полициската станица „Бе-ко“.

„Осомничениот е посочен од осомничената Ј.Г. и сведоците Ф. С. и А. Е. како лице кое има најголем удел во целокупната активност на носење на лица на групно фотографирање за лични карти, како лице кое во управните служби се однесувало конфорно, речеси како претпоставен на сите вработени и лице кое ги носело лицата од П. (Пустец, н.з.) и Г., на фотографирање за незаконски лични карти, со живеалиште во Ц. (Центар, н.з.), па обвинителството смета дека опасноста од влијане на сведоците во конкретната ситуација, кога со наредба за спроведување истражна постапка на осомничениот на товар му се ставаат конкретни и сериозни кривични дела е повеќе од сигурна, при што се наведува дека осомничениот шетал вооружен, како и на денот на неговото испитување во просториите на обвинителството, па не може да се прифати фактот дека не постојат околности дека истиот ќе ја попречува истрагата со влијане врз сведоци“, било кажано од обвинител на СЈО, пред Кривичниот совет.

Сепак, ни ова не било доволно за уважување на жалбата и определување притвор за М.П.

Извесен Пепиќ кој што прави лични карти се споменува и во една од опозициските „бомби“.