Режимскиот „демохристијанин“ Ивица Коневски одби да даде бадникови дрва на социјални семејства

0
502

Советот на општина Аеродром со мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ заедно со Ивица Коневски годинава го одбија предлогот на советничката од редовите на СДСМ, Вангелина Мојановска која предложи дрвата за бадникарските огнови да се поделат на социјално загрозени семејства, објави Центарњуз.

Општина Аеродром ќе изгори околу 200 кубици дрва за бадниковиот оган, додека само две општини решија наместо да ги горат дрвата, да им ги подарат за огрев на социјално загрозените семејства.

За разлика од Ивица Коневски кој не се откажува од традиоционалните адети, Гази Баба и Бутел решиле парите и дрвата да им ги отстапат на ранливите групи граѓани.

dok-2-670x377