Пукотници во Париз: Ајфеловата кула обиколена од војска и прогласена тревога!

0
891

ajfelova_kula

Ајфеловата кула е обиколена од француската војска и е прогласена тревога во нејзиното подножје, пренесува ТАСС, повикувајќи се на дописникот во Париз.

Според некои француски медиуми, во регионот се слушнало пукање, но дописникот на ТАСС не ја потврдува оваа информација.

Претходно денеска кулата беше затворена за посетители. Одлуката била донесена од раководството на објектот поради проблем со безбедноста.