Професионални војници се принудувани да плаќаат 6.000 евра за странски мисии

0
1034

Професионалните војници и медицинскиот персонал за да може да учествувааат во странските мисии мора да платат мито од 4.000 до 6.000 евра што е околу една една третина од нивната заработка од мисијата, рече пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски, на собраниската расправа што се одржа во вторникот кога се носеше одлука за праќање на нови воени мисии во Авганистан и за во Босна и Херцеговина.

Од Министерството за одбрана велат дека досега никој не пријавил дека се соочил со изнудување мито за да замине во мисија.

Инаку, лидерот на ЛДП рече дека до овие сознанија дошол во контакт со војници кои му се пожалиле за рекетот што им се прави.

Целиот текст ОВДЕ