Прилепска економија: Грујо и Ставре денеска не задолжија со 31 милион евра, двојно повеќе од планираното

0
878

Државата деенска се задолжи двојно повеќе од планираното. Наместо понудените хартии од вредност во износ од 15,44 милиони евра, владата на аукцијата на државни записи и обврзници, од домашните кредитори позајми 30,953 милиони евра.

Најголем бил интересот за едногодишните записи ,па од понудените 1,723 милиони, собрани се 15,853 милиони евра. За 15 годишни обврзници државата побара 520 325 евра но собра 3,138 милиони евра. Речиси двојно поголема била понудата и за 10 год. обврзници па од понудените 1,9 милиони евра, дражвата позајми 3,345 милиони евра. Помалку од очекуваното е прибрано кај шест месечните записи. Наместо понудените 11,3 милиони евра,интерес имало за 8,617 милиони евра.

Вчера дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов ги предупреди банките, пензиските друштва и осигурителните компании  да внимаваат при купувањето обврзници  бидејки сите аукции на државни хартии од вредност што немаат согласнот од него ке бидат предмет на дополнително зкаонско преиспитување.

Утре по основ на допсеани долгови државата треба да врати 15,447 милиони евра.