Плусинфо: ВМРО-ДПМНЕ со предлог изборите да се одложат за 29 мај?!

0
701

Плусинфо повикувајќи се на неофицијални извори, објави дека постоел предлог предвремените избори, наместо на 5 јуни или во јули, како што предлага лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да се одржат на 29 мај.

Според порталот, тоа би можело да биде предлог за еден „разумен компромис“ меѓу инсистирањето на Никола Груевски изборите да се одржат на 24 април, поддршката на Али Ахмети со неговите „рамазански“ аргументи и цврстата одлука на СДСМ да ги бојкотира изборите доколку сепак се одржат на 24 април.

Плусинфо дознава дека предлогот за избори на 29 мај дошол од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, од тројца високи партиски функционери, кои контактирале со странски дипломати во последниве денови и на кои јасно им било соопштено дека Европската унија, а посебно Германија, нема да прифати избори со неуреден избирачки список.

Повеќе ОВДЕ