Писмо на родител од Кр.Паланка: Бродот тоне, капетанот бара предлози за спас!

0
450

До нашата редакција пристигна писмо на родител кој е револтиран на образовниот систем во К.Паланка како и на кадрите во него инсталирани од страна на власта. Писмото на родителот ви го пренесуваме во целост :

12248708_10153215006992196_159969782_n

Вчера премиерот во заминување, Никола Груевски јавно повика заедно со граѓаните да ја испишеле новата изборна програма на Вмро Дпмне. Ова ме изреволтира до максимум и решив својот револт да го искажам на овој начин со јавен допис до вашиот медиум.

Замислете, одите на родителско на дете кое е трето одделение во ОУ Јоаким Крчовски во Крива Паланка, и наставникот наместо да го соопшти успехот и поведението на учениците, тој се жали дека нема надгледни средства и помагала па побара од родителите да сме донирале средства за: сунѓер, креда, хамер, хартија, топки за часовите по физичко воспитување.

Па тоа ли е нашето образование кое треба да вроди со сила и со моќ?

До тој ли степен дојдовме ние да ги финансираме училиштата во кои образованието е задолжително?

Како тоа наставниците сами треба да плаќаат за хартија и копирани материјали?

И замислете си сето тоа по КЕМБРИЏ… Па, па, па… големо име ама за големи демократии и државни уредувања. Како тоа Вмро на митинзи подели 10.000 топки само во Крива Паланка, ама за децата да се нема ниту една топка во спортските сали? Навистина трагично.

По однос на програмата Кембриџ и да не коментираме. Се учи механички без да се има во предвид степенот на развој на детските организми, без редослед, песнички без рима кои се тешки и за возрасните, а не за деца на 8 годишна возраст. Замислете една од песните е и „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ каде се опишува како мајката го оплакува својот син. Или на часовите по англиски децата цртаат вештерки… Јас лично приметив дека моето дете после тоа се плаши да спие само а од училиште кога е втора смена мораме да го чекаме пред училиште.

Ејјј премиеру, министре… ова образование ли е или хорор филм?

Свестете се каде ви оди кочијата. Како не ви е срам после 10 години кога разрушивте еден солиден образовен систем сега да барате од нас предлози и идеи за нови програми.?!

Од мене ГИТЛА! Кажавте се што имате и да кажете и покажете. Се гледаме на 24 Април 2015год.

Загрижен родител од Крива Паланка.