Паркинзи Центар: Опседнати сме од инспекции, три закони оспоривме пред Уставен

0
711

Sasa-Bogdanovik-685x320

Јавното претпријатие Паркинзи Центар реагира на зачестените инспекции и узурпацијата од страна на власта. 3 закони се дадени на оценка пред Уставен суд.

Еве што пишува ПОЦ во соопштението:

„Вчера (19.11.2015 год.) до Уставниот суд на Република Македонија е поднесена Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на три закони: Закон за вработените во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за јавните претпријатија.

Иницијативата е поднесена како резултат на непочитувањето на владеењето на правото и Уставниот суд на Република Македонија, како судска власт чијашто задача е да го штити уставниот порадок, од страна на власта на Никола Груевски и неговите извршители во својство на министри и пратеници во законодавниот дом. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека извршната власт насилно го узурпира правото на локална самоуправа, а слободната волја на граѓаните ја трансформира како законско обврска.

Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.Бр.184/2-11-0-0 донесено на ден 21.12.2011 година и Одлука У.Бр.184/2011-0-1 донесена од Уставниот суд на Република Македонија на ден 15.02.2012 година, дефиницијата и содржината на сега оспорените делови од наведените закони, ги поништил како против уставни, при оценување на уставноста на истата категорија на вработени којашто била дискутабилна и во Законот за јавните службеници. Ова значи дека при донесувањето на законите по мерка на Владата, ниту се почитува владеењето на правото, ниту пак се почитуваат одлуките на Уставниот суд.

Доказ за насилното уривање на темелните вредности и упадот во независноста на јавнте претпријатија, но и тенденцијата да се намали квалитетот на услугите за жителите на Општина Центар се и инспекциите што се закануваат со глоби за претпријатието кадешто сум директор, по директно барање од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

Останува на Уставниот суд повторно да се произнесе за нешто што веќе е одлучено, затоа што оваа власт тенденциозно ја присилува судската власт да се преиспитува, се додека не донесе некаква одлука по мерка на Владата. Од 2012 година до сега единствено е променет составот на дел од судиите во Уставниот суд“.