Павле Трајанов: Корупцијата „топи“ од 80 до 100 милиони евра годишно

0
1516

Партијата на Павле Трајанов, Демократски сојуз, ќе настапува самостојно на претстојните парламентарни избори, кои треба да се одржат на 24 април 2016 година. По Лилјана Поповска, Трајанов е вториот коалициски партнер на Груевски, кој му го сврте грбот по објавувањето на т.н. бомби.

Објавивте дека Демократскиот сојуз ќе настапува самостојно на изборите во април. Дали тоа значи дека веќе и официјално ја напуштате коалицијата со Никола Груевски?

– Демократскиот сојуз подолго време настапува самостојно, водејќи се првенствено од интересите на граѓаните и државата. ДС предлага системски решенија за Македонија да се извлече од политичката криза. Ја поддржуваме преодната влада, која треба да создаде услови за градење единство, одговорност за креаторите на кризата, избалансирана медиумска кампања, за граѓаните објективно да се информираат и на 24 април да донесат правилен суд.

Која е причината за Вашата одлука за самостоен настап?

– Нашата одлука за самостоен настап е одговор на барањата на граѓаните. Сметаме дека е време на граѓаните да им дадеме можност да стават крај (демонтажа) на „еднопартизмот“ и да отвориме нови перспективи за младите и креативни кадри, кои го започнаа  бунтот за промени во Македонија, да се создадат услови во Македонија чесно да се заработува, да се запре миграцијата и да се стави крај на системот што овозможува авторитарно и неодговорно владеење. Граѓаните се незадоволни, несигурни, вознемирени и уплашени од натамошни внатрешни поделби, како и од сиромаштијата која ја празни Македонија од креативните кадри. ДС има над 32.000 члена, 56 општински организации, што не прави една од подобро организираните партии.

Имате изготвено Платформа за вистински реформи. Кое се основни приоритети на оваа платформа?

– Системски промени со кои ќе се дефинира одговорноста на премиерот и на министрите, како и на носителите на други функции, преку јакнење на контролните механизми и целосно профункционирање на „имунолошкиот систем на државата“. Парламент од 90 пратеници, намалување на составот на Владата за 50 отсто и целосно укинување на репрезентација и каков било луксуз за функционерите, транспарентност и контрола на јавните набавки и слични мерки со цел кратење на непродуктивните трошоци на носителите на јавни функции.
Изедначување на условите за инвестирање на домашните и странските компании, поддршка за сите што ќе отворат фабрики за развој на домашно производство, обезбедување услови за минимална плата од 300 евра и 200 евра пензија, како и формирање Фонд за решавање на станбените потреби на млади брачни парови и слично. Деблокирање на евроинтеграциските процеси, создавање услови за бизнис и отворање нови работни места, вработување според мерит системот, сите што завршуваат високо образование практична обука од една година на сметка на Буџетот, промена на работно време (од 7.00 до 15.00 часот) доколку за тоа се изјаснат граѓаните на референдум итн. Слобода на новинарската професија, укинување на радиодифузната такса. Платформата на ДС главно повикува на единство и консензус за виталните и стратешки интереси на државата, какви што се влез во НАТО и ЕУ.

Целото интервју ОВДЕ