ПЦЕР ќе поднесе кривична против поранешниот министер Спасов

0
574

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) најави дека ќе поднесе кривична пријава за поранешниот на министер за трудд и социјала, Диме Спасов, поради злоупотреба на службена должност.

„Партијата оранизираше неколку протести и на секој протест тој беше предупреден да ги разглега укинатите социјални решенија поради „Вестер унион, но тоа не гонаправи. Кривичната пријава е поради ретроактивно спроведување на законот, сите укинати решенија се од 2014 година,  а законот важи од 26 јануари годинава. Со овој закон повреден и Уставот на Македонија член 52 став 4“, се наведува во соопштението.

ПЦЕР информира дека пријавата ја подготвува правната служба на партијата и за неколку дена таа ќе биде доставена до специјалната обвинителка Катица Јанева.