ПУТИН: РУСИЈА ИМА ОРУЖЈЕ СПОСОБНО ДА ЈА ПРОБИЕ СЕКОЈА РАКЕТНА ОДБРАНА

0
598

Руските воени претпријатија развија и успешно тестираа низа напредни оружени системи способни да пробијат секаква ракетна одбрана, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Русија ќе го зајакне својот стратешки нуклеарен потенцијал како одговор на распоредувањето на американските противракетни системи за одбрана, изјави претседателот на Русија Владаимир Путин, пренесува агенцијата „Спутник“.

20030424_rollout_02

„Русија ќе ги преземе сите повратни мерки за да го зајакне капацитетот на своите стратешки нуклеарни сили. Ние ќе работиме на нашиот антиракетен систем исто така. Првично, како што повеќепати имам кажано, ќе работиме на ударни системи способни да пробијат секаква ракетна одбрана“, изјави Путин на состанокот со претставниците на воено-одбранбениот комплекс на Русија.

Рускиот лидер додаде дека изјавите за заканите кои наводно ги претставуваат нуклеарните програми на Иран и Северна Кореја ги прикриваат намерите на Вашингтон да дојде до воена надмоќ.

„Нуклеарните закани од Иран и Северна Кореја едвај ги прикриваат вистинските планови (на САД). Нивната цел е да го неутрализираат стратешкиот нуклеарен потенцијал на другите нуклеарни држави –  освен на САД и нивните сојузници – вклучително и на Русија, пред сѐ“, изјави Путин.

„Изминативе три години (руските) одбранбени претпријатија развија и успешно тестираа различни напредни оружени системи способни за извршување задачи во услови на густа антиракетна одбрана. Руските Вооружени сили почнаа да ги добиваат овие системи годинава“, додаде Путин.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.