ПРИЛЕП, ГРАД НА “МАЈМУНИТЕ” ИЛИ РЕКЛАМЕН ПОПУЛИЗАМ?!

0
2320

Една позната изрека на Сигмунд Фројд вели „Против секој човек, човекот може да се брани, но против алчноста е беспомошен„. Во текот на 2008 година на официјалната страна на Општина Прилеп беше објавена реализацијата на проектот на ЈП за ПУП Прилеп, „Електронски реклами„ а како инвеститори на проектот беа претставени Општина Прилеп и Акцент медиа. Вредноста на проектот изнесуваше 45.000 евра.

12483231_1175257095818092_1955942823_o

Со цел да ја провериме законитоста на постапката околу реализација на овој проект, до ЕЛС Општина Прилеп беше доставено барање за пристап до информации од јавен карактер со кое беше побарано да ни биде доставена целокупната документација поврзана со реализираниот проект „Електронски реклами„.

Во одговор на барањето ЕЛС Општина Прилеп ни достави еден Договор бр. 03-323/1 за користење на локации за поставување на рекламни паноа на подрачјето на Град Прилеп од 10.01.2005 год. склучен помеѓу Акцент Медиа од една страна и тогашниот градоначалник на Град Прилеп Сашо Пирганоски, кој воедно претставува стандарден договор за ваков вид на договори и Анекс кон Договорот бр. 03-323/1 за користење на микролокации-огласни места поставување и користење патоказни кутии на канделабри за улично осветлување Бр.03-2518/1 од 13.11.2007 година, склучен помеѓу Акцент Медиа од една страна и актуелниот Градоначалник на Град Прилеп Марјан Ристески. Анексот кон Договорот бр. 03-323/1 за користење на микролокации-огласни места поставување и користење патоказни кутии на канделабри за улично осветлување Бр.03-2518/1 од 13.11.2007 година кој го склучил Градоначалникот Марјан Ристески во чл.5 е предвидено дека Акцент Медиа на име донација за своја сметка ќе финансира, изгради и монтира информативен киоск според конструктивните цртежи на градот и дека истиот ќе биде изработен и опремен во се како што е предвидено во самите цртежи.

12468201_1175257572484711_708963160_n 12483329_1175257639151371_207945080_n 12468186_1175257685818033_409198091_n 12463987_1175257692484699_1908626588_n 12498589_1175257332484735_1361229952_n

Токму поради вака штуро доставените податоци до ЕЛС Општина Прилеп беше доставена Ургенција кон првично поставеното барање со која меѓу другото од Општина Прилеп беше побарано објаснување зошто со Анексот кон договор бр.03-323/1 од 09.11.2007 год.склучен помеѓу Општина Прилеп и Акцент Медиа Скопје во чл.5 е утврдено дека ваквата инвестиција е донација од Акцент Медија, а на официјалната страна на ЕЛС Општина Прилеп е утврдено дека тоа е проект на ЈП за ПУП Прилеп, дека инвеститор е Општина Прилеп и Акцент Медиа и дека проектот е вреден 45.000,00 евра.

12511728_1175257912484677_897582272_n 12468060_1175257992484669_599658227_n

Очекувано од Општина Прилеп, немаа одговор на ваквите прашања, па без никакво образложение но сепак во знакот на кооперативност, повторно ги доставија истите документи, договорот и анексот кон договорот.

12507016_1175258089151326_558631464_n 12467850_1175258142484654_144423883_n 12483905_1175258162484652_201635250_n

Градоначалник ! Курнази во Прилеп имало низ вековите и ќе има низ вековите пред нас, впрочем Прилеп е градот на шегата, познат по онаа народната „Во прилеп мајмун не игра, оти нема стапот кој да му го држи„. А во чиј град ти, сите останати ги правиш мајмуни а?

Текстот го донирал: Жарко Стеваноски од Прилеп