Оливер Спасовски на вонредна пресконференција: Хајката нема да нè спречи да спроведеме професионална истрага за фалсификуваните лични карти!

0
1064

Времето на хајки заврши и време е за законски и за професионални истраги, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција посветена на аферата со фалсификуваните лични карти. Тој е убеден дека истрагата ќе покаже за што биле употребени тие. Според него, истрагата била комплексна, повеќеслојна и чувствителна и сè уште трае поради што, како што истакна, не може да сподели повеќе детали за неа, пренесува „Мета“.

– Бесмислениот хаос што се создава околу овој случај нема да нè спречи да спроведеме професионална истрага за личните карти. Да потсетам дека за фалсификуваните пасоши и лични карти ова министерство година и половина немаше отворено никаква истрага. Јас веднаш по моето доаѓање на оваа функција почнав истрага откако во министерстовот беа доставени документите од неделникот „Фокус“, кој го отвори случајот. Може да обрнете внимание на самите фалсификувани лични карти на кои ќе видите дека датумите на нивното издавање се од 2009 и од 20014 година, а имињата и матичните броеви на нив се точни, што значи дека има кражба на идентитет – рече Спасовски.

На новинарско прашање каква е соработката на МВР со обвинителството околу овој случај, Спасовски не даде конкретен одговор и рече дека истрагата ја води Јавното обвинителство. Тој рече дека едното лице било однесено на доотслужување на затворската казна, а другите две биле пуштени.

На прашање дали Спасовски имал контакти со едно од приведените лица, министерот одговори дека „имам контакти со многу лица и тоа не е важно. Тоа што е важно е дека се води истрага за овој случај“.

Извор: Мета