Од радост за кинеските возови железничките колосеци не издржаа: Товарен воз излета од шини кај Демир Капија, нема повредени

0
995

mkd-227400

Товарен воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија – Скопје излета утрово од шините кај Демир Капија. Нема повредени, причинета е мала материјална штета. Железничкиот сообраќај е во прекин.

– При влез во железничка станица Демир Капија изутрина во 8 и 30 товарен воз се лизнал на свртницата  при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје, изјави за МИА Невзат Мамути, портпарот на МЖ Инфраструктура.

Комисијата за увид и расчистување на настанот е на терен и ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

– Се прават напори сообраќајот да се пренасочи во другиот колосек, со цел да нема застој во железничкиот сообраќај во тој дел на земјата, информираат од МЖ Инфраструктура.