Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ поради службени обврски

0
333

Рочиштето за случајот„Поткуп“ во кое лидерот на опозицијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев е обвинет за примање поткуп  е одложено.

Одбраната за Заев рече дека поради службени обрски Заев не бил во можност да присуствува на ова рочиште и за тоа навремено го известил судот. Адвокатите на Заев тврдат дека тој секако ќе се појави на следното рочиште закажано за 3. март.
Според одбраната постојат цврсти докази и неаргументирана е кривичната дека Заев примал мито од локален моќник во Струмица.
Случајот беше отворен откако во јавноста се појави видео снимено во Кабинетот на струмичкиот градоначалник каде наводно се договара поткупот од 2 евра за квадрат за градежно земјиште кое бизнисменот сакал да го купи.