Ова се 20-те најинтересни измислени работи за минатата година

0
783

Направа која покажува какво ќе биде времето утре

Кен Кавамото е софтверски инжинер кој сака да ги спои дигиталниот и реалниот свет. Тој добил идеја да создаде уред кој визуелно го прикажува утрешното време. Направата е наречена Tempescope. Ако надвор има грмотевици, направата еден ден претходно ќе светка како грмотевица, а ако врне, во направата почнува да тече вода.

vreme

Огледало-чаши

Јапонски тим наречен D-Bros изработи сет на шолји за кафе со името Waltz. Овие шолји се различни од останатите поради тоа што изгледаат како огледало, па така ги рефлектираат шарите од тацната.

casi

Седиште за на рамо

SaddleBaby е нов начин за транспортирање на децата кои што обожуваат да седат на рамената на својот татко. Таткото сега има слободни раце за да може да го користи на пример својот телефон, а детето има удобно седиште. Сите среќни!

sediste

Чевли на кои им се вади потпетицата

Обични и удобни чевли кои лесно можат да се претворат во елегантна чевла висока попетица. Дизајнерката Тања Хит дошла до идеја, така што потпетиците ќе можат да се комбинираат и секогаш да се носат различни чевли.

cevli

Прекрасен начин за штедење вода

Младиот лондонски дизајнер Симин Ку креираше уникатен дизајн за чешма. Додека тече водат сето тоа изгледа прекрано, а покрај тоа, главната карактеристика на оваа чешма е што ја заштедува водата. На овој начин на течење на водата, се проценува дека во просек при едно перење на раце се заштедува 15% вода.

voda

Минијатурна „градина“ околу вашиот врат

Идеален накит за тие кои што се заљубени во природата – креација на Колин Џордан. Имено, малите садови се произведуваат со 3Д принтер и во нив се става малечко растение кое што всушнот ќе расте на вашиот врат.

gradina

Уникатно место за бањање

Измислено од рускиот дизајнер Александар Жуковски – можете да се избањате во оваа сфера и да имате чувство како да пливате во возудхот.

banja

Скала со која ќе можете да се качите на секое дрво

Кога станува збор за постарите луѓе, на нив тешко им е да се качат, а доколку паднат, последиците често знаат да бидат и фатални. Некои едноставно го обожуваат тоа, а некои пак мора да се качат за да соберат плодови. Со помош на оваа скала тоа ќе го прават со леснотија.

skala

Суперхерои кои ги држат вашите книги

Магнет и метал – сето тоа добро изработено и сокриено меѓу листовите на вашата книга, така што ќе изгледа како вашите книги да ги држат суперхерои.

heroj

Часовник со букви

Постојат различни дизајни и видови на часовници, но овој е часовник се разликува од сите нив затоа што времето се прикажува со букви, а не со бројки.

saat

Кафе-бакнеж

Оваа чаша за кафе е измислена од Јанг Ву Сеок – „Обожувам кафе и обожувам да бакнувам луѓе. Сега можам да ги правам двете работи истовремено“.

kafe

Чевли кои перфектно ќе одговараат на големината на вашата нога

Јапонскиот дизајнер Масаја Хисимото добил идеја за чевли кои ќе одговараат на големината на сечие стапало. Инспирирацијата е добиена од „Фурошики“ – традиционалната јапонска ткаенина за завиткување која служела за транспорт на работи.

cevli1

Армстронг ламба

Оваа футуристична ламба е прекрасна и мистериозна. Светлината може лесно да се регулира, односно интензитетот ќе зависи од тоа колку „кратери“ ќе бидат отворени. Наречена е според американскиот астронаут Нил Армстронг, а дизајнирана е од Руси.

lampa

Невидлива компјутерска тастатура

Ова е речиси магија. Невидливата Noki тастатура е направена од две едноставни алки кои го следат движењето на вашите прсти. Импресивно е, но малку и тешко затоа што не сме навикнати да пишуваме на рамна (тапа) површина.

tastatura

Помошно светло за велосипедисти

Азербејџанскиот дизајнер Елнур Бабајев има интересна идеја. Неговиот проектор му овозможува на велосипедистот да испраќа разни пораки до тие што се зад него. Проекторот е прикачен за неговото седиште и работи автоматски.

svetlo

Ламба направена од дрво

Оваа ламба е навистина уникатна и едноставна затоа што е направена од обично трупче од дрво. Диоди кои емитуваат светлина се ставени внатре во пукнатините од дрвото, па сето тоа изгледа прекрасно.

drvo

Декоративно сукало

Едноставна но навистина интересна идеја. Ова „резбано“ сукало ви озоможува да направите колачи кои ќе имаат убава декорација.

sukalo

Прстени кои изгледаат како да се живи

Секој од овие прстени поединечно не изгледа ништо посбено, но кога ќе се состави со останатите делови, изгледа како, на пример, верверичката да е жива.

prsten

Катче за мачки

Овие дрвени коцки со шуплини се специјално направени за мачки. Вашите миленичиња ќе обожуваат да се искачуваат и да влегуваат во нив.

macki

Оружја за „тепање со перници“

Светот дефинитивно ќе биде поубаво место ако проблемите ги решаваме со вакво оружје. Дизајнерот Брајан Ку очигледно го мислел истото. За тие кои што по дома се тепаат со перници, ова е нивното идеално „оружје“.

oruzje