ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕ ОМРСИ СО УШТЕ 20 МИЛИОНИ ЕВРИЌИ: Бетон Штип лапна тендери за изградба на двата „барокни“ факултета!

0
1968

Тендери од речиси 20 милиони евра доби градежната компанија „Бетон Штип“ за изградба и партерно уредување на Факултетот за физичко образование и спорт (ФФК) и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Договорите за новите барокни згради на двата факултета вчера беа објавени на веб страницата за јавни набавки, пренесува БИРН.

Според базата на податоци на БИРН, „Скопје 2014 под лупа“, досега, објектот на ФИНКИ чини над 13 милиони евра, а ФФК над 7 милиони евра.

Двата договора за изградба ги доби компанијата „Бетон Штип“, каде што акциите ги поседува компанијата на Орце Камчев, Орка Холдинг, оф шор компанијата од Лугано, „Ексико“, ТИМ ДОО (во сопственост на Дејан Панделески, кумашин на бившиот министер за транспорт, Миле Јанакиески) и Езимит Инвест ДООЕЛ.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ