Новите министри како непоканети гости на владина седница

0
704

На првата владина седница како министри од опозицијата бевме повикани еден час пред нејзиното одржување, а немавме претходен пристап до материјалите што беа разгледувани, тврди во неделното интервју на Радио Слободна Европа министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

– Кога пристапивме до местата определени за министрите за ресорите што ги водиме немавме отворено пристап до Е-влада што значи и дека немавме претходен директен пристап до материјалите за кои се дискутира на владата. Имаше обиди за брзоплето поминување преку точки кои бараат сериозна дискусија –  вели Ременски.