Николовски во Студеничани: Демократските промени ќе се случат на фер избори

0
882

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше помеѓу жителите на Студеничани, Батинци и Долно Количани.

Со граѓаните се разговараше за невработеноста и тешкиот секојдневен живот, проблемот со иселувањето на младите коишто бараат подобро утре надвор од земјава.

-Државата за едни е мајка за други маќеа. Во село Љубош нема училиште, а патната инфаструктура е во катастрофална состојба. Немаме оносни услови за нормален живот, се пожалија тие.

-Оваа расипничка власт во заминување на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици. Со само 2,5 милиони евра можеа да се решат сите проблеми во вашето населено место, пат, водовод, канализација, се’, да се создадат нормални услови за живот. Ние имаме решенија, имаме мерки во програмата, знаеме како да ги вратиме младите дома. За секој млад човек ќе обезбедиме иднина во својата земја, рече Николовски.

На средбите со граѓаните се разговараше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Николовски го повтори ставот дека СДСМ нема да учествува и нема да дозволи  уште едни криминални избори.

-Меѓународната заедница, САД и ЕУ, потврдија дека на 24-ти април не може да има фер и кредибилни избори. Без да се исполнат неопходните услови, без прочистување на Избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми нема фер избори. Демократските промени во земјава ќе се случат на фер, демократски и слободни избори, ниедно сценарио тоа не може да го спречи, рече Николовски.