Николовски: Ќе ставам крај на манипулирањетона власта со маката на земјоделците

0
607

Во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно договорот од Пржино како дополнителен заменик-министер влезе Љупчо Николовски.

Уште првиот ден кога ја доби  функцијата најави дека ќе побара извештаи за работата на сите сектори во земјоделството. Неодамна го обвини министерот за земјоделство Михаил Цветков дека доцни исплатата на субвенции.

-Сведоци сме изминативе години на селективна распределба  на субвенциите и на нивна злоупотреба од луѓе блиски на власта. Имаат разработен систем, прво добиваат земја под концесија, а потоа и субвенции. При тоа, никој не води сметка дали тие површини воопшто и се обработуваат. Ова е една од причините за намаленото домашно производство и двојно зголемениот увоз на храна од 2006 година. Вистинските земјоделци не треба да се плашат. Тие од новата Влада на СДСМ ќе добиваат повеќе пари за субвенции и тоа навреме, тогаш кога им се најпотребни без разлика на партиската припадност – вели Николовски во интервју за Фактор.

Фактор: Она што предизвика реакции во јавноста и ве обвинија дека ќе ги намалите субвенциите, какви чекори ќе превземете?

Николовски: Напротив. Ние во нашата програма предвидуваме зголемување на износот на годишни субвенции на 160 милиони евра. Гарантираме дека земјоделците ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни. Актуелната власт манипулира со маката на земјоделците. Затоа повикав исплатата на субвенциите за 2015 година согласно законот, програмата и календарот за исплата да започне веднаш. Крајните пропишани рокови за исплата на голем дел од субвенциите за 2015 година се поминати а власта нема исплатено ниту еден денар на ниту еден земјоделец. Тоа го потврди и министерот.Тој нема што да каже бидејќи нема аргументи па мораше да потврди дека со пари и буџет од 2015 се исплаќани субвенции за 2014 година. Да потсетам, ниту еден денар субвенција за 2015 година не е исплатен за ниту една култура, а голем дел на земјоделци се уште чекаат на субвенции за 2014, 2013 и 2012 година. Тоа е тој виртуелен свет на Никола Груевски. Земјоделците го полнат буџетот на државата а тоа што со закон им следува го добиваат после повеќе од година или две. Тоа ние ќе го промениме.

Фактор: Дали ќе понудите предлози и какви,  во подготовката на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за следната година?

Николовски: Следната програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе биде реализирана од новата Влада на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Тоа пред се значи зголемување на износот на субвенциите на 160 милиони евра и нивно навремено исплаќање токму тогаш кога на земјоделците им се најпотребни. Вистинските земјоделци ќе добиваат поголем износ на субвенции од идната Влада на СДСМ. Уште повеќе затоа што ние нема да трошиме на споменици, скулптури, луксузни мерцедеси, нешто на што оваа Влада потроши над 630 милиони евра народни пари и ги задолжи идните генерации.

Фактор: Планирате ли да направите ревизија во досегашната распределба на субвенциите?

Николовски: Секако, сведоци сме изминативе години на селективна распределба  на субвенциите и на нивна злоупотреба од луѓе блиски на власта. Имаат разработен систем, прво добиваат земја под концесија, а потоа и субвенции. При тоа, никој не води сметка дали тие површини воопшто и се обработуваат. Ова е една од причините за намаленото домашно производство и двојно зголемениот увоз на храна од 2006 година. Вистинските земјоделци не треба да се плашат. Тие од новата Влада на СДСМ ќе добиваат повеќе пари за субвенции и тоа навреме, тогаш кога им се најпотребни без разлика на партиската припадност.

Интервјуто во целост прочитјате го ОВДЕ