Насер Селмани: Провладините медиуми со безобразни лаги за предлозите на СДСМ и Ванхауте

0
621

Медиумите што денеска известуваа дека предлогот на СДСМ за реформи во медиумите е ист со предлозите на посредникот Питер Ван Хауте, ја излажаа и брутално ја манипулираа македонската јавност.

Има суштински разлики меѓу двата предлога. Ваквите брутални спинови се прават со цел да го дискредитираат предлогот на Ван Хауте, ама верувајте во тоа нема да успеете, затоа што зад него стојат силно гаранторите на договорот од Пржино, амбасадорите Бејли и Орав.

Знам дека не ви е лесно, мора да одработуваат за власта, ама сепак мора да имате малку повеќе почитување кон професијата од која го заработувате лебот. Со објавувањето на вакви безобразни лаги, ги изневерувате и вашите ценети читатели и гледачи.

Насер Селмани – Фејсбук статус