Напаѓачите на д-р Огненовиќ на дигестивната клиника, инцидент кој вчера ја шокираше македонската јавност, според извори на Либертас биле во обезбедувањето на екс-министерот Блерим Беџети кога тој ја обавуваше функцијата, прв човек на министерството за Правда.
СВР Скопје до надлежното Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено држење оружје или распрскувачки материи“ како и против А.К.Н.(36) исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршени кривични дела „соизвршителство“, „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“, за вчерашниот инцидент во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека на двајцата осомничени им е одреден привор од 30 дена.