НЕВЕРОЈАТНО ЛУДИЛО! ХАН ДЕФИНИТИВНО ГИ ПОТВРДИ СОМНЕЖИТЕ ДЕКА Е НА ТЕШКИ ДРОГИ, САМО НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ НА ФИКСАЊЕ ИЛИ ШМРКАЊЕ! НЕ БИЛО ВАЖНО ДАЛИ ЌЕ УЧЕСТВУВА ОПОЗИЦИЈАТА АМА БИЛО ВАЖНО ДА ИМА КВАЛИТЕТНИ ИЗБОРИ?!

0
907

Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборите, изјавил во интервју за софиски „Капитал“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој учествувал на средбата меѓу бизнисот и бугарската Влада организирана од овој медиум, објави Капитал.

– Договорот меѓу опозицијата и Груевски за разрешување на политичката криза во Македонија има многу елементи, и изборите во април се само еден од нив. Дел од тие елементи се исполнети, макар и по крајниот рок што беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација е убаво да има национален консензус. Но, треба да прифатиме дека тоа може и да е недостижно. Она, што е значајно за нас, е изборите да се фер и демократски. Работиме со ОБСЕ и тие ќе испратат повеќе луѓе од вообичаено да набљудуваат, како во подготвителната фаза, така и на самото гласање на изборниот ден. Во Турција, на пример, на последните избори имаше 30 набљудувачи, а сега, во Македонија, многукратно помала држава, ќе има 24. ОБСЕ се подготвени да ѝ помагаат на македонската ДИК, ако таа побара помош. Пак ќе речам, за нас одлучувачко е изборите да се случат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред. Ако има позитивен резултат од ова, очекувам дека државите од ЕУ ќе работат проактивно за решавање на проблемот со името. Зашто блокирањето на преговорите за членство од страна на Бугарија и на Грција придонесува за создавањето на оваа атмосфера, и за ситуацијата што во Македонија ја имаме во моментов. Неопходни се политички решенија. Пред десет години Македонија беше првенецот во балканското одделение. Сега е во далеку полоша форма. И искуството покажува дека ако државите немаат европска перспектива нештата се изјаловуваат – рекол Хан.