НА ЛУДАЦИТЕ НЕ ИМ ДОАЃА ПАМЕТ: Грујо и Ставре ќе лупнат пола милион евра за телевизор!!!

0
582

Службата за општи и заеднички работи на Владата објави оглас за избор на фирма која ќе постави ЛЕД екран за надворешна употреба на зградата.

Ќе се поставува ЛЕД екран на палатата “АСНОМ”, поранешната зграда на Комерцијална банка. Службата за општи и заеднички работи на Владата вчера објави оглас за избор на фирма која ќе постави ЛЕД екран за надворешна употреба на зградата. Според проценките набавката ќе чини околу 520.000 евра.
Од Службата за општи заеднички работи на Владата не добивме одговор зошто се поставува екранот на палатата “АСНОМ” и со каква намена ќе биде тој.

Во поранешната зграда на Комерцијална банка сега е сместен Секретаријатот за европски прашања. Откако банката го напушти објектот и се пресели на Плоштад Македонија, зградата е прекрстена во палата “АСНОМ”. Ниту од Секретаријатот не добивме одговор каква е намената на екранот и какви содржини ќе се емитуваат на него.