Масовна тепачка во центарот на Скопје: Повреден македонски ракометен репрезентативец

0
734

Еден македонски ракометен репрезентативец е повреден во масовна тепачка која вчеравечер се случила пред млечниот ресторан „Силбо“ на булеварот „Партизански одреди“ спроти Универзалната сала во центарот на Скопје – дознава Press24 од очевидци.

Медиумот пренесува дека инцидентот се случил меѓу една група составена од двајца македонски репрезентативци и нивните пријатели и уште една поголема група.

Во тепачката, еден македонски ракометен репрезентативец се здобил со исеченица на раката. Полицијата се’ уште официјално ја нема потврдено информацијата.