Мартин Протуѓер како КУКАВИЦА бега од соочување во Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето

0
610

Ниту Мартин Протоѓер, советник на премиерот Никола Груевски, денеска не се појави како сведок во собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушување, јавува „Мета“.

По мало препирање на членовите на комисијата околу деловникот и што да се стави како точка на дневен ред, членовите се договорија да се утврдат работните групи од претставници на анкетната комисија, кои ќе одат во институциите за да собираат информации за прислушувањето.

Присуството во комисијата го откажа и министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рече дека е слободен да сведочи на 17 декември, а премиерот Никола Груевски, десетина минути пред почетокот на вчерашната седница, најави дека нема да се појави на закажаниот термин, туку на 14 декември.

Во наредните денови покана да дадат изјава пред комисијата имаат и Сашо Мијалков за утре, на 14 декември Гордана Јанкулоска и на 15 декември Миле Јанакиески, но никој од нив не потврдил дека ќе дојде. Појавувањето пред комисијата не е задолжително.

Извор: Мета