Манчевски во пехчевско: Дојде крајот на криминалните шеми на Груевски

0
321

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со членот на Извршниот одбор, Благој Бочварски, вчера беа помеѓу граѓаните од населените места во пехчевско, Црник, Умлена и Робово.

„Во нашето село ништо не е направено, патот и улиците се во катасрофална состојба, работа нема, младите го напуштаат местово на привремена работа во Италија и Германија, од ден на ден селото се повеќе се испразнува, се пожалија граѓаните во село Црник“, пишува во соопштението на СДСМ.

– Над 600 илјади граѓани ја напуштија земјата поради невработеноста и нискиот животен стандард, 180 илјади граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден а Груевски и фамилијата потрошија над 630 милиони евра само за споменици. Мора да ги промениме работите. Новата Влада на СДСМ ќе ги промени приоритетите, парите ќе ги вратиме кај граѓаните, рече Манчевски.

Земјоделците во Робово истакнаа дека субвенциите доцнат и се исплаќаат селективно, на луѓе блиски до власта.

Д„ржавата за едни е мајка за други маќеа, за нас што ја знаеме земјоделската работа и со години работиме нема субвенции, за лажните земјоделци блиски до партијата на Груевски има субвенции“, рече еден од незадоволните земјоделци во Робово.

„Од криминал во криминал, од афера во афера, тие го упропастија земјоделството во Македонија. Но, дојде крајот на криминалните шеми на Никола Груевски и фамилијата, секој што го прекршил законот ќе одговара“, истакна потпретседателот Манчевски.

Тој додаде дека Владата на СДСМ ќе исплаќа субвенции на вистинските земјоделци во време кога им се најпотребни, ќе има рамноправност на големите и малите земјоделци во постапката на доделување субвенции, ослободување на земјоделците од персоналниот данок за приходи над 300.000 денари, полесно пензионирање и бенефициран стаж за земјоделците.

На средбите со граѓаните Манчевски разговараше и за актуелната политичка ситуација во земјава.

– Без прочистен избирачки список и без слободни медиуми нема фер и демократски избори. Никола Груевски бега од фер и демократски избори бидејќи знае дека на тие избори ќе изгуби, рече Манчевски.