Макрадули: Еден дечко го допиваше своето кафе кога го забележа својот колега од факултет

0
1285

Еден дечко го допиваше своето кафе кога го забележа својот колега од факултет како брза низ плоштадот и при тоа пази да не се лизне од квазимермерот во околината на Аце. Гласно го довикна неговото име, колегата се заврти и возврати:

кај си бе пленумец (П)?
П:Дечкото стана се приближи и рече: ај бе брат (Б) на едно кафе.
Б: Не бе, не можам пленумец, доцнам, морам у Порта Македонија Грујо пак ќе ни збори.

П: А бе ај на кафе, кога имаш средба со Грујо, кога и да отидеш знаеш дека нема да задоцниш.
Б: Морам брат, ќе го е..т татко ми на работа, знаеш водат список;

П: Денес што ќе Ви вети? Бесплатна осминка бурек ама само за оние со просек и чии родители уплатиле у проектот Купи куќа? Или бањање у базен ама у плитка вода од 02-03 часот? Како оној трик со кината што е, бесплатни претстави ама само од 13 кога младите се прва или втора смена на школо.
Б: Знам бе пленумец, ние сме лудаци ама ај не оди? Знаеш кај Каракамишева како положив, башка разбраа дека бев на Буба Мара синоќа и се газев од смеење;

П: Брат, како ќе стекнеме знаење и работиме за доброто на Македонија ако наместо знаење ни нудат стеги, наместо креативност подобра оценка има за послушност, молкот ја победува галамата? Зошто да живееш живот со список, ти на туѓ за присуство, ти со свој за гласачи?
Б: Ех, знаеш колку пати сум се покајал. Гледаш тапа стоиме кај младите и секој ден се глупира со некој проект кој врска нема, само реклама, ама денес рекоа ќе ни дадат гратиси за у диско, и за бабите гратиси за на жичара. Позади ќе седам.

П: ок брат, јас одам на протест, и не позади, туку прв ред, од позади не се сака Македонија. Од позади нема да се поправи ниту влагата во Гоце, ниту изгубат бубашвабите од супите. Од позади прикриени, просторот ќе ни го окупираат понављачите, неуките. Б: Морам пленумец, морам…

#КраткаТажнаПриказна #Список