Македонската амбасада во Осло, на топ 10 листа за неплаќање сообраќајни казни

0
593
SONY DSC

ambasada-neplaka-Oslo

Македонската амбасада во Осло, Норвешка, на градот му должи над 1.500 евра за неплатени паркинг казни за непрописно паркирање, пренесува новинската агенција„Мета“. Норвешкиот портал „Ослоби“ (Osloby), портал на угледниот весник „Афтенпостен“, пренесува дека македонската амбасада е на седмото место од светските амбасади во Норвешка со највисок неплатен долг од казни за паркирање.

Повикувајќи се на информации од Даночната управа во Осло, „Ослоби“ забележува дека долгот од неплатени паркинг казни за македонската амбасада е 15.150 норвешки круни, односно околу 1.560 евра. Во листата топ 10 дипломатски претставништва кои се кријат зад дипломатскиот имунитет и се уште не платиле за непрописно паркирање се и Грузија, Мароко, Виетнам, Ирак, Кина, Судан, Пакистан, Иран и Израел.

Неплаќањето паркинг казни се чини дека подолго време е навика на македонската амбасада. Пишувајќи на истата тематика, односно дипломатско избегнување на обврската да се платат паркинг казните, во 2013 година весникот „Афтенпостен“ забележува дека македонската амбасада била на четврто место од сите амбасадите според неплатени казни. Тогаш Македонија должела 21.150 норвешки круни поради непрописно паркирање.