Лајм: Двајца од осомничените во „Титаник“ во бегство во Србија

0
647

Неофицијални извори на весникот „Лајм“ пишуваат дека двајца од осумте осомничени за кои специјалната обвинителка побара апсење, се недостапни за органите на правдата.

Според изворите на весникот, се работи за двајцата главни осомничени, но не се откриваат други детали, односно дали се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, или од редовите на ДУИ.

Информациите не се официјално потврдени, ниту од СЈО, ниту од полицијата.

Повеќе за акцијата „Титаник“ на следниот линк ОВДЕ.