Лазаревиќ: Повик за будење на опозицијата! Да не чекаме некој друг да ја истрча трката за нас“

0
1258

„Изјавите од високите претставници на Европската Комисија секогаш имаат големо значење, бидејќи преку нив се испраќаат одредени пораки. Јас можам да ја разберам потребата на комесарот Хан да го поддржува процесот на оддржување фер и демократски избори. Но, грешките во изјавите не се карактеристични за дипломати од таков ранг, туку имаат одредена цел. Тој во интервјуто укажува дека е пожелно да се постигне национален консезус по важните прашања за државата, но дека тоа понекогаш и не е можно. Како пример ја посочува Турција. Со други зборови, оваа изјава може и треба да се толкува како повик за будење до опозицијата. Според мене, опозицијата треба да демонстрира поголема мобилност и капацитет да го обедини сиот потенцијал во одбрана на демократските вредности и тоа да го покаже во практика преку граѓански активизам. Да не чекаме некој друг да ја истрча трката за нас“, порачува Лазаревик за Дојче Веле.