Кирацовски во посета на ЈП „Комуналец“ во Кичево

0
1128

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска го посети ЈП „Комуналец“ во Кичево, каде бил информиран за предизвиците со кои се соочуваат јавните претпријатија особено со новиот Закон за вработените во јавниот сектор.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Кирацовски, според нив, проблематично е ставањето на јавните претпријатија под контрола на централната власт.

Заменикот Кирацовски истакна дека во најбрз можен рок ќе ги разгледа сите аспекти поврзани со оваа ситуација и дека во рамки на неговите ингеренции и законите ќе се заложи за изнаоѓање на соодветно решение.