Катица Јанева: Правдата ќе победи, нашата борба е на целиот демократски свет!

0
478

Правдата ќе победи наспроти тешкотиите и заканите кои доаѓаат од одредени политички партии и кривичните паријави кои доаѓаат. Се чувстувам слободна бидејќи на моја страна се уставот, законите и вашата поддршка, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес конференција.

katica-670x374

„Ме охрабрува и поддршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е наша, туку на целиот демократски свет. Поддршка добивам и од истакнати судии, обвинители и адвокати. Мојот тим е отворен за соработка и со правната наука“, рече Јанева.

Како што кажа таа, тимот на СЈО, дошол до конкретни резултати, а од тоа што е веќе обработено во последниве месеци, СЈО отвора постапки за десетина кривични предмети од областа на изборите и гласањето, слободите и правата на човекот и граѓаните, како и кривични дела против службената должност и овластување.

– Доминираат кривични дела против изборите и гласањето, за да се спречат злоупотреби на нови кривични дела. За да може СЈО на време да ги изврши задачите неопходно е во итна постапка да се дополни Законот за заштитени сведоци, судските процеси од редовните судови да се вршат без отпор и одолговлекување, Советот на јавни обвинители да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО – рече Јанева и ја најави првата акција на СЈО, под името „Титаник“.