КОМУНИСТИЧКИТЕ ФОСИЛИ МИХАЈЛО И ФИЛИМЕНА МАНЕВСКИ УШТЕ ЖИВЕЕЛЕ ВО СТРАВ И ПОНАТАМУ БАРААТ ПОЛИЦИСКА ЗАШТИТА

0
1043

Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски во изјава за „Утрински весник“потврдува дека од моментот кога му престанала министерската функција во 2011 година подолг период имал полициско обезбедување, но тоа било доделено како резултат на процена на МВР поради писмени и усни закани што ги добивал Маневски.

manevski.filimena

Очигледно е дека наодите на Спасовски не се реални. Јас во МВР сум пријавувал сериозни закани. По тие закани надлежните органи на МВР оцениле дека има потреба од такво обезбедување, за што е донесена и соодветна одлука. Обезбедување имав и во периодот додека бев министер, но и потоа“, вели Маневски.

Тој објаснува дека последната закана што ја добил и за која поднел пријава до МВР била во март 2015 година, по што била донесена одлука за лично полициско обезбедување. Откако министерот Спасовски донесе одлука од 1 декември да ги стопира ваквите овластувања, поранешниот министер Маневски нема обезбедување, но до Бирото за јавна безбедност поднел барање повторно да му се додели вакво обезбедување.„До каде е постапката и кога ќе одлучат за ова барање немам информации. Но, јас постојано добивам закани. Сум бил долги години министер за правда, јавен обвинител, член на Антикорупциската комисија – тоа се чувствителни функции“, вели Маневски.

Текстот во целост прочитајте го тука