И на адреси на функционери од Кичево и Ресен незаконски се издавани лични карти

0
1062

Се проширува списокот на адреси на кои незаконски се издавани лични карти ширум земјава. По Скопје, МВР открива и дека на адреси на функционери од други градови биле издавани десетици лични карти, пренесе 24 Вести.

Во домот на раководителот на подрачниот ЦУК од Ресен биле регистрирани дваесетина гласачи од Пустец. И на адресата на директорот на гимназијата во Кичево биле заведени 18 лица кои незаконски и без потребната документација добиле лични карти и гласале на изборите во 2011 и 2013-та.

Извори од МВР за 24 Вести велат дека се истражува на територијата на цела Македонија, во сите градови. Ќе се бара кривична одговорност од сите инволвирани, но засега не се знае дали дел од вработените кои ги признале делата ќе бидат користени како сведоци или „свиркачи“ во понатамошниот тек на постапката.

Во сите градови има такви случаи, велат од МВР, секаде има извршители на наредби кои ги добивале од повисоки центри. Со тоа велат, се проширува листата и на државни институции вмешани во аферата. Биле издадени стотици лични карти без решение за потврдено живеалиште а министерството и ќе покрене постапка пред Управниот суд за нивно поништување.

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски веќе дел од документацијата доставил до Специјалното јавно обвинителство бидејќи тоа се прогласи за надлежно за слуачите со изборни манипулации. За нив Катица Јанева отвори 16 предмети, но предистражната постапка е тајна, па не се соопштуваат никакви информации за тоа до каде се постапките.