И СЕГА ГРУЈО ЛОПУЖО ЕДНА ДИКТАТОРСКА, ШУПРАИМЕ?! ДИК: Изборниот список не може да се пречисти до 24-ти април

0
895

Избори на 24-ти април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список.

Ова го пишува во изјава од три страници која претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, им ја подели на политичките партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес.

Истиот документ, Чичаковски им го подели и на новинарите кои ги следат преговорите кој утрово ги свика олеснувачот Питер Ван Хауте.

„На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на Избирачкиот список не може да спроведе што значи дека не може да се обезбеди ниту Избирачки список во кој сите ќе имаат доверба“, изјави петседателот на ДИК Александар Чичаковски кој замина од Клубот на пратеници.

Во документот пишува и дека не може да се прецизираат рокови околу прочистувањето на Избирачкиот список и дека за да се има доверба во ИС на ДИК и се потребни најмалку три до четири месеци.

Чичаковски рече дека ги информирал партиите за оценките на ДИК за условите за прочистување на Избирачкиот список и за спроведувањето на останатите надлежности.

Во документот на Комисијата пишува дека пред ДИК има големи предизвици, и дека ДИК нема соодветна екипираност и дека тие проблеми „го загрозуваат соодветното екипирање на ДИК и спроведувањето на нејзините активности во услови на скратени рокови не само во поглед на политичката криза туку и во поглед на предвремените парламентарни избори.

извор: Телма