Иновативни и неконвенционални модели на финансирање за Македонските претприемачи

0
578

По барање на постоечките и идни претприемачи во нашата земја, се одржа уште една екстра ефективна обука на тема „Иновативни и неконвенционални модели на финансирање на мали и средни претпријатија“. Оваа еднодневна обука беше екстензија на проектот „Инвестирај – зошто да одите во странство кога можете да останете и да ја развиете вашата држава“ кој покрена голема заинтересираност кај нашите граѓани за повеќе и подетални информации од различни дејности со кои би ги подобриле перформансите на нивните бизниси.

cefe macedonia sources of financing (8)

Со оваа обука имавме за цел:

  • да се информираат присутните за над 10 некласични начини на финансирање кои им стојат на располагање на претприемачите
  • да ги мотивира на проактивност во нивното барање и искористување на овие фондови,
  • вмрежување на претприемачите со консултанти и институции кои би им помогнале во овај процес

cefe macedonia sources of financing (12)

На обуката присуствуваа: студенти, вработени, невработени, потенцијални и постоечки претприемачи, претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото, лидери и претставници на финансиски институции.

Во првиот дел од обуката во форма на трибина говорниците зборуваа за состојбата со користењето на некласичните методи на финансирање во Македонија. Факт е дека сме слабо информирани за нивната достапност и поволните услови кои им ги нудат пред се на стартапите, но и на постоечките бизниси кои сакаат да ги унапредат своите процеси. Преку свои лични искуства и државната поддршка докажаа колку се битни овие финансиски модели посебно во почетните фази на бизнисите, каде што ризикот е значително поголем и каде финансиската поддршка е еден од најкритичните моменти за нивен опстанок.

Говорници:

  • Зоран Витанов –  Цефе македонија
  • Јанко Тренкоски – КБ Прво пензиско друштво
  • Катарина Кречева – Фонд за иновации и технолошки развој

cefe macedonia sources of financing (13)

Дека сме слабо информирани и неактивни во процесот на барање стредства за хранење на нашите бизниси ни докажа и г-дин Сем Вакнин, кој во вториот дел од обуката ни презентираше преку 10 форми на некласични модели на финансирање и преку 50 ентитети кои ги даваат овие средства на располагање, а се достапни и за нашата земја. Г-дин Вакнин беше толку прецизен и детален во своето излагање што ни докажа дека не се потребни големи напори, долги чекања и обемна документација со цел да се дојде до финансии. Ја активира нашата проактивност во барањето на средства давајќи ни насоки и отворајќи ги нашите видици многу подалеку од банкарските шалтери.

Материјалите кои г-дин Сем Вакнин ги издвои за оваа обука, по негов предлог да се објават јавно и на наше задоволство, можете да ги најдете на следниот линк:http://samvak.tripod.com/nm01.html

Обуката беше видео документирана и наскоро ќе го објавиме и завршниот материјал.

За детални информации и консултации за Вашите бизниси тимот на ЦЕФЕ Македонија и обучувачите ви стојат на располагање.

Контакт на  [email protected]