(Видео) Идиот на денот: Извлече ајкула од морето за да се фотографира со неа

0
811
Еден дечко извлече млада ајкула од морето за да се фотографира со неа, а останатите луѓе само стоеја на страна и фотографираа.

Новинарката на “WPTV”, Ешлиг Волтерс во Флорида снимила непознат дечко кој од морето извлекува ајкула само за да се фотографира со неа. Снимката била направена на популарната “Palm Beach”, пренесува британски “Independent”.

Додека дечкото ја малтретираше и ја влечеше ајкулата по песокот, останатите луѓе само мирно стоеја и го снимаа и фотографираа случувањето.Сепак, подоцна се појави друг човек кој се обиде да ја врати ајкулата во морето. Новинарката Волтерс подоцна соопшти дека ајкулата некако била вратена во длабокото, но не покажувала знаци на живот. Оваа контроверзна снимка се појавува само неколку дена откако бебе делфин беше усмртено затоа што толпа на луѓе го носеа низ плажа за да се фотографираат со него.