Зошто му треба на Груевски промоција во странство?

0
530

Еден од ефектите на договорот од месечни 54 илјади долари меѓу ВМРО-ДПМНЕ и американска ПР компанија за промовирање на премиерот Никола Груевски е преку странските медиуми да се влијае и врз домашната јавност. Радио Слободна Европа побарала и добила потврден одговор од владеачката ВМРО ДПМНЕ за склучениот договор со американска пи ар компанија на која месечно ке и плаќа по 54 илјади долари. Од партијата сепак не сакал да одговорат конкретно за што точно се работи и на колкав рок е изнајмена агенцијата за промотини текстови за Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Големите теми, како бегалската и мигрантската криза која е светски актуелна во моментов, секогаш може да се искористат за промовирање на одредена личност, коментира за Радио Слободна Европа комуникологот Сефер Тахири, кој смета дека во таа насока е и оваа стратегија за промовирање на премиерот.

„Целта е на некој начин да се промовира премиерот пред меѓународната јавност, значи да се подобри неговиот рејтинг и неговиот имиџ кај меѓународната јавност, бидејќи знаеме дека реално имиџот на премиерот и на оваа владејачка гарнитура на меѓународна сцена е нарушен во смисла дека тој не ужива некаков углед во Брисел и во Вашингтон“, вели Тахири.

Договорот, според објавените документи, почнува од први декември. На 23 месецов, пак, во американскиот неделник Њузвик е објавена колумна на премиерот со наслов – мора да работиме заедно за да им помогнеме на мигрантите.ѓ

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ