Заслужуваме подобро: Заслужуваме шалтери што вршат работа без врски и мито!

0
982

Соопштение на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“:

Граѓаните се жртви на измама и изнуда секаде каде што има институции и моќ. Власта дозволува и поттикнува корупција на сите нивоа, од премиер до портир.

Бројот на службениците платени од буџетот е три пати поголем од пред десет години. Партиските вработувања во јавната администрација на „грб на граѓаните“ претставуваат класична корупција. Власта вети помалку шалтери, а добивме натрупана и неорганизирана државна администрација. И натаму долго чекаме во редици, со наведнати глави, како граѓани од втор ред.

Мизерната ситуација во Македонија е директно поврзана со корупцијата која е присутна насекаде. Долготрајната корупција во институциите ја уништува нашата заедница и го омаловажува граѓанинот како поединец. Институциите постојат заради нас и нашите потреби, а не за неограничени вработувања на партиската војска.

Бараме институциите да функционираат и да се борат против корупцијата. Бараме квалитетот на услугите на институциите да не зависат од подмитување и партиски притисоци. Заслужуваме институции во кои секој граѓанин ќе може да ја „истера“ својата правдина без разлика на неговите уверувања и припадност.