Градоначалникот Заев го потпиша договорот за спроведување на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Струмица”.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и директорот на ЈКПД „Комуналец” – Струмица, Зоран Горгиев, денеска, во Скопје, го потпишаа договорот за спроведување на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Струмица”.