Екологисти: Само „Викторија сикрет“ може да го покрие срамот на битолскиот „татко на модата“

0
683

„Tатко на модата“ е новиот прекар што на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, му го дадоа екологистите од здружението „За нас се работи“ откако тој за Нова година изјави дека протестите против загадениот воздух во Битола биле „мода“, пренесува „Мета“.

– Човекот е гол. Ние го забележавме тоа и само рековме – царот е гол. Сега само „Викторија сикрет“ може да му го покрие срамот на Талески – вели Душко Груевски, член на здружението „За нас се работи“.

Тој порачува дека „ќе продолжат да ја следат модата, но ќе продолжат и со протестите против загадениот воздух“.

Извор: Мета